Кевин Спејси: Избирам да живеам како геј маж

Еден од најпознатите актери на Холивуд, а воедно и миленик на многу генерации, Кевин Спејси, по години исполнети со шпекулации, јавно откри дека е геј.

Признанието за хомосексуалната ориентација дојде по обвинувањата од актерот Ентони Рап, кој изјави дека Спејси се обидел да го заведе кога имал 14 години. Во 1986-та, Кевин го повикал младиот Рап на забава во својот апартман. Откако останале сами пијаниот Спејси го дигнал во раце, за потоа да легне врз него. Рап сфатил што се случува, по што заминал од собата. Актерот вели дека дури сега решил да проговори за инцидентот поради случајот со Харви Вајнстин, кој беше обвинет дека со години сексуално малтретирал и силувал жени.

По ова обвинување ѕвездата на „House of Cards“, 58, проговори за својата сексуална определба на Twitter, а воедно и му се извини на Ентони Рап за своето однесување.

Тој рече дека иако не се сеќава на настанот, кој што се случил пред повеќе од 30 години, искрено се извинува за својата постапка која ја направил во пијана состојба. Кон тоа додаде дека инцидентот го поттикнал да зборува за својата сексуална определба и конечно да признае дека покрај со жени, имал секс и со мажи.

-Оние кои ми се најблиски знаат дека во текот на својот живот сум имал врски како со жени, така и со мажи. Сум сакал и сум имал романтични врски со мажи и избирам да живеам како геј маж, вели Спејси.

Неговиот приватен живот со години беше предмет на шпекулации поради тоа што вешто го криеше од јавноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби