Серена Вилијамс во нова реклама ја потенцира моќта на жените и се обраќа на нејзината ќерка. Рекламата во која се појавува славната тенисерка е дел од кампањата „Sisters in sweat“ за промовирање на новото партнерство со AwesomenessTV
- Девојче мое, нема да ми пречи доколку лошо играш тенис, но те молам во оваа игра наречена живот, секогаш продолжи да играш без разлика на околностите. Како што направи и со мене, спортот ќе те научи да бидеш силна... Понекогаш ќе освоиш поени, а понекогаш нема. Важно е да работиш напорно и да го кажеш својот став на секое поле кое ќе го одбереш како играч, вели Серена
Слушнете ја моќната порака која со сигурност ќе ве допре, а и ќе ве мотивира да бидете упорни во она што го правите.