Познатиот рапер Џеј Зи и уметник, моментално го промовира својот најнов албум, за кој пак заработи најмногу номинации на Греми наградите.
Двата последни албуми на Џеј и Бијонсе беа исполенти со куп песни во кои ги искажуваат своите чувства за неверството кое се случи во нивниот брак.
Неодамна раперот во интервју за Њујорк Тајмс призна дека имало неверство, но и дека парот тешко се справил со тоа.
- Мораш да преживееш. Преминуваш на фазата преживување, а кога преминуваш во таа фаза, што се случува? Ги исклучуваш сите емоции. Дури и со жените, ќе се исклучиш емоционално, па не можеш да се поврзеш. Во мојот случај, длабоко е. И поради тоа се случуваат сите нешта: неверство, вели Џеј Зи.
Сепак и покрај неверството, двојката одлучи да продолжи понатаму и да ужива заедно со своите три дечиња Блу Ајви, Руми и Сер.