Познати личности кои отворено зборувале за своето ментално здравје

Ретко кога  познатите личности одлучуваат јавно да зборуваат за своето ментално здравје. Сепак, има и такви кои храбро се соочиле со проблемите и не ги гледаат како мана и препрека во својата кариера.

Еве дел од нив:

Кендал Џенер

Кендал Џенер во интервју со Кара Делевињ  раскажа за анксиозноста која ја измачува.

-Имам анксиозност поради сè што се случува, која многу ме изнемоштува. Буквално се будам во средината на ноќта со панични напади. Од каде да започнам? Сè е толку ужасно. Сметам дека на светот му е потребна многу љубов. Посакував да имав моќ да го испратам Купидон околу планетава. Кога се вклучувате на интернет и гледате како сите си разменуваат лоши зборови меѓу себе, тешко е да се остане позитивен. Уште потешко е да не бидеш изеден жив од целата негативност наоколу.

Ники Минаж



-Беа повеќе ќорсокаци еден после друг. Во еден момент се запрашав што ќе се случи ако јас едноставно не се разбудам. Така и се чувствував, дека можеби треба да посегнам по својот живот, изјави Ники Минаж за своите самоубиствени мисли

Лејди Гага



-Кога мојата кариера почна да се развива во нагорна насока, не бев во можност да се сетам буквално на ништо. Како да бев истрауматизирана и ми требаше доста време за да ја смирам мојата душа. Дефинитивно се грижам за својата благосостојба и отворено признавам дека се борам со анксиозност и депресија и мислам дека многу луѓе го прават истото. Мислам дека е подобро кога сите велат: „Наздравје“ и се придружуваат кон тоа, отворено објасни Лејди Гага.

Бијонсе



-Почна да станува сè нејасно, не бев во можност да кажам ни кој ден беше ниту во кој град се наоѓав. Седев на настани каде ми доделуваа награди, а јас само размислував за следниот настап. Мајка ми беше многу упорна и постојано ми велеше дека треба да се грижам за своето ментално здравје, изјави таа за Sun во 2011-та година

Винона Рајдер



-Не можете да платите доволно пари за да го излекувате чувството на збунетост и скршеност. Имате добри и лоши денови, но депресијата е нешто кое секогаш е со вас, раскажува Винона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби