Кејт Аптон обвинува: Дојде до мене и насилно ги грабна моите гради!

Познатиот модел Кејт Аптон тврди дека била сексуално вознемирувана од страна на ко-основачот на Guess, Паул Марчиано, но дури сега собрала храброст јавно да го каже тоа.

-Разочарувачки е тоа што женски бренд како Guess се уште е претставуван од Пол Марчиано како негов креативен директор, напиша 25-годишниот модел на својот Twitter профил.



Во средата, Кејт даде моќно интервју за Time објаснувајќи дека нејзиното злоставување од страна на Марчиано започнало кога таа ја наполнила својата осумнаесетта година и кажа дека нема да дозволи Пол да ја заплашува повеќе.

Во интервјуто таа го опишува својот прв ден од кампањата за долна облека на Guess.

-Пол Марчиано рече дека сака да се сретне со мене. Штом влегов кај фотографот Ју Цаи, Пол дојде до мене и насилно ги грабна моите гради. Откако го тргнав од себе, тој само кажа дека сега е сигурен дека се вистински. И покрај тоа што направив буквално се за да го избегнам неговиот допир во текот на средбата, тој продолжи да ме допира на груб и доминантен начин. Бев многу вознемирена и исплашена.

A post shared by Kate Upton (@kateupton) on

Освен тоа Аптон тврди дека Марчиано инсистирал да ја однесе во својата хотелска соба, на што фотографот интервенирал.

На  обвиненијата се огласи и ко-основачот на Guess кој тврди дека обвинението е неточно.

-Никогаш не сум останал сам со моделот. Не сум ја допрел несоодветно ниту пак сум се однесувал кон неа на навредлив начин. Целосно го поддржувам движењето на #MeToo, но во исто време нема да дозволам други да ме обесчестат или да и наштетат на мојата репутација. Ветив на Guess и одборот на директори дека од моја страна ќе има потполна поддршка и соработка за фер и непристрасна истрага, тврди ко-основачот Марчиано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби