Џиџи Хадид: Што се однесува на иднината, ќе биде она што е судено

Еден од најпознатите парови одлучи да стави крај својата романса.

Се работи за пејачот Зејн Малик и неговата девојка Џиџи Хадид кои ја потврдија веста за нивната разделба.  Двајцата напишаа поединечни соопштенија за јавноста на нивните профили, но иако во нив објаснуваат дека чувствата меѓу двајцата партнери се оладени, сепак има некој чуден нагласок на можно помирување.



Откако веста беше раширена од страна на медиумите, познатиот пејач ги одследи неговата поранешна девојка и нејзината мајка Јоланда. Тој на својот Instagram профил следи само 29 луѓе, а има повеќе од 27 милиони следбеници. Од друга страна Џиџи Хадид следи 873, а е следена од скоро 39 милиони следбеници.

Интересно е што меѓу тие 873 луѓе кои ги следи се уште е и Зејн Малик. Двајцата беа во врска нешто повеќе од две години, а се шпекулираше и дека тајно се вериле. Малик ги имаше дури истетовирано очите на поранешната девојка на неговите гради, па обожавателите се љубопитни што ќе направи во иднина со неа.


-Џиџи и јас имавме неверојатна и забавна врска полна со љубов. И понатаму многу ја почитувам и ценам како жена и пријателка. Таа има неверојатна душа. Благодарен сум на нашите обожаватели кои ја почитуваат нашата тешка одлука и приватност, жал ни е што први не ја објавивме оваа вест. Ве сакаме сите, напиша пејачот на својот Twitter профил.

Во врска со истата вест, на својот Twitter профил се огласи и Џиџи.


-Соопштенијата за раскинувањата воглавно ми се безлични затоа што не постои начин со зборови да се прикаже она што двајца луѓе преживеале неколку години..Не само во таа врска, туку и во животот. Засекогаш ќе бидам благодарна на љубовта, времето и животните лекции кои јас и Зејн ги доживеавме заедно. Му посакувам се најдобро и ќе продолжам да го поддржувам како пријател. Што се однесува на иднината, ќе биде она што е судено, напиша Џиџи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби