И Дуа Липа го кажа својот став за иницијативата #MeToo

Дуа Липа важи за изведувач кој направи многу брзо нејзиното име да стане добро познато за јавноста. Досега испеа многу песни кои со молскавична брзина станаа големи хитови, а важи и за идол на многу девојки.



Во нејзините песни често може да се слушне приказна во која ги бодри жените да застанат цврсто на нозе или пак дека не им треба нечија лажна љубов.

Овој пат пејачката која беше наградена за најдобар женски соло уметник на БРИТ наградите, се отвори за списанието GQ и раскажа за притисоците со кои се носи една жена во музичката индустрија, а тоа го направи позирајќи за уште една нејзина фотосесија.

-За женски уметник е потребно многу повеќе за да биде сериозно разбран. За машкиот, луѓето веднаш претпоставуваат дека сами ја пишуваат својата музика, додека за жените сметаат дека се тоа е произведено, раскажа 22-годишната пејачка



Дуа Липа раскажа и за важноста на иницијативата #MeToo кој се користеше на социјалните медиуми за да се демонстрира распространетоста на сексуалното малтретирање, особено на работното место.

-Јас сум среќна што воопшто не сум имала сексуално вознемирување на било кој начин. Но, мислам дека иницијативата е важна. Знаете, уште од училиште растејќи со бакнеж или нешто друго, тоа е вкоренето во нашите глави дека момчињата се момчиња и тие претставуваат безопасна забава. За некои можеби нема да биде многу важно, но тоа влијае на вашето расположение, а некои луѓе и се срамат за начинот на кој се облекуваат. За многу жени, било да се актерки, пејачки или модели без оглед, не е дозволено да имаат право да се облекуваат и да ја носат облеката како тие што сакаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби