Ѕвездата на „Twilight“, Кристен Стујарт, нема проблем да ги соблече високите потпетици кога не се чувствува комфорно, макар тоа било и на црвениот тепих.
Повеќето нејзини колешки би молчеле и би трпеле бидејќи станува збор за престижен бренд како што е Лобутин, но Кристен јасно покажа дека попрво би одела боса. Шанел и боси нозе, хит комбинација за филмскиот фестивал во Кан.