Америка ја има Ким Кардашијан, а Србија Јелена Карлеуша. Кога станува збор за голотијата и за скандалозното однесување, ЈК несомнено е некој кој постојано сака да провоцира и да „пецка“ со своите ставови.
Нејзиниот последен провокативен изглед, со кристални пениси на градите, предизвика лавина на коментари, меѓу кои и оној на Зорица Брунцлик која јавно го осуди модниот избор на Карлеуша. По ова, ЈК типично за себе, без влакна на јазикот удри по својата колешка, а воедно и по сите кои се дрзнале да ја критикуваат нејзината љубов кон машкиот полов орган.
Фото: ЈК FB
-Госпоѓи, гледам дека сте шокирани од мојот градник со два кристални пениси. Како воопшто сум смееле да облечам такво нешто пред камерите. Ју ју ју...Тоа што сум риба каква што во животот не сте виделе е друга тема. Сосема сум збунета од вашата омраза кон пенисите драги мои! Боже мој зошто? Зошто? Како дојде до тоа? Пенис, пенис, пенис...Што е спорно и грдо?!Просто одбивам да поверувам дека не сакате пенис...Мени ми е убав, како уметничко дело, уште од кристали...Топ приказна!, пишува ЈК, за веќе во следниот дел безмилосно ја нападне Брунцлик.
-Зорице, вие како госпоѓа особено гадлива на пениси имате право така да реагирате. Познати сте како некој кој мрази пениси, зар не? Можеби и јас сум мислела дека вашата коса и појава е своевиден пенис ама отсекогаш сум ја почитувала вашата посебност и храброст... И секогаш ми сметале оние кои ве нарекувале ОД СЕКОЈ МАЖ ПО ЕДНО ДЕТЕ, срам да им е! Што се однесува до мене, од сè срце ви посакувам пенис да не видите никогаш во животот! Што сте морале, сте морале и точка!.
Каква ќе биде реакцијата од Брунцлик после овој низок удар, допрва останува да видиме.