Кралицата Елизабета II и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, денес го имаа своето прво јавно појавување по ноќта помината на кралскиот воз.
Поранешната американска актерка ја доби привилегијата да патува со кралицата, што за многумина е јасен знак дека е мошне добро прифатена од кралското семејство. За оваа пригода, сопругата на принцот Хари повторно избра креација од Живанши, но овој пат со покриени рамена.
Судејќи по фотографиите двете дами уживаат во заедничкото дружење, а Меган полека, но сигурно и станува миленичка на кралицата. Како за споредба, Кејт Мидлтон имаше слично дружење со Елизабета дури 10 месеци по венчавката со принцот Вилијам. На Маркл и појде од рака да ја маѓепса кралицата само за еден.