Со години наназад Ева Лонгорија е едно од оние лица кои со задоволство ги гледаме на насловните страни на светски познатите магазини. Сепак, последната насловна страна на Ева, со право е најубавата од сите бидејќи на неа за прв пат го покажа синот Сантјаго Енрике.
Лонгорија (43) се породи на 19ти јуни и уште од првиот ден го претстави синот пред светот.
-Еве го! Сантјаго Енрике Бастон му вели здраво на целиот свет. Не можев да дочекам да ја споделам фотографијава со сите вас, напиша таа под својот Instagram пост.
Сега, актерката блесна со синот на насловната на „Hola“ магазинот.