Пит не платил алиментација ама и позајмил на Џоли 9 милиони долари

Напаѓањата помеѓу Анџелина Џоли и Бред Пит и понатаму не стивнуваат. Откако адвокатскиот тим на Џоли го обвини Бред дека не плаќа алиментација, се огласи и страната на Пит според која тој и дал заем на Анџелина 8 милиони долари за да ја купи куќата во која што живее, а воедно и платил сметки во вредност од 1. 3 милиони долари.

Неговите адвокати тврдат дека постапките на Џоли се со цел да ги манипулира медиумите во своја корист и да го претстави Бред во лошо светло и како лош родител.

Страната на Анџелина, пак потенцира дека има значајна разлика помеѓу заем и алиментација.



-Од Бред беше побарано да асистира во купувањето на нов дом за Анџелина и децата, но наместо тоа тој и даде пари на заем. Таа ќе ги испочитува обврските околу тој заем. Но, заем не е надоместок за деца и да се рече дека е така, е неточно и погрешно. Анџелина бара од Бред да плати 50 проценти од трошоците за децата. Тој не го направи тоа, истакнува адвокатот на Џоли.

Во последните 18 месеци, актерката е онаа која се грижи за сите трошоци на децата и поради тоа сака Бред да ги исполни своите должности околу алиментацијата. Инаку нејзиното богатство е проценето на 150 милиони долари, додека она на нејзиниот поранешен сопруг е проценето на 250 милион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби