Џенифер Анистон неодамна јасно и гласно изјави дека можеби нејзината цел на оваа планета, не е да создава нов живот. По двата неуспешни брака со Бред Пит и Џастин Теру, последното нешто што го сака Џен е да биде перципирана како жена со скршено срце.
Деновиве актерката заедно со Адам Сендлер, е во Италија како дел од снимањето на комедијата Murder Mystery. Анистон и Сендлер, го искористија слободното попладне за посета на домот на Џорџ Клуни.
Поранешниот најдобар пријател на Бред Пит и неговата сопруга Амал, се во одлични односи со Џен и очигледно се уште го негуваат пријателството иако истото не важи и за она со Бред.