Жртва или предатор: Главната предводничка на #MeToo движењето вмешана во секс скандал

Италијанската актерка, Асиа Аргенто, која стана една од главните предводнички на #MeToo движењето откако го обвини холивудскиот продуцент, Харви Вајнстин, за силување, се најде во центарот на нов секс скандал.

Аргенто го искористила актерот, Џими Бенет (22) кога имал 17 години и потоа му исплатила сума од 380 илјади долари за да молчи. Инцидентот се случил во хотелска соба во Калифорнија во 2013-та.



Според документите до кои дојде New York Times актерката се спогодила со Бенет да исплати определена сума на пари, во замена за селфи фотографија од нив двајца во кревет, која била направена на 9ти мај 2013-та.

Адвокатите на Бенет ја опишале средбата во хотелот како „несакан сексуален акт“ кој го трауматизирал актерот и е лош по неговото ментално здравје и финансии. Од друга страна адвокатот на Аргенто, Кери Голдберг, ги опишува парите како „помагање на г-дин Бенет", жалејќи се дека актерката морала да се справи со луѓе кои се обиделе да ги искористат нејзините слабости.

Аргенто прво го напила Бенет, за потоа да започне да го бакнува. По ова следело орално задоволување и финален сексуален однос. Тимот на момчето прво побарал оштета од 3,5 милиони долари, за на крајот да се спогоди за 380 илјади.

Аргенто и Бенет за прв пат се појавија заедно на филмското платно во 2004-та во „The Heart Is Deceitful Above All Things“, каде таа ја глумеше проблематичната мајка на Бенет. Таа честопати потенцираше дека и во приватниот живот се чувствува како негова мајка.

Иронично, актерката беше една од првите кои јавно го обвинија Вајнстин за сексуално насилство, а воедно е и најголем предводник на #MeToo движењето каде честопати држи говори дека жртвите на сексуално насилство не смеат да молчат, а виновниците треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Аргенто е позната и како девојка на познатиот готвач, Ентони Бордејн, кој што се самоуби пред два месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби