Ким Кардашијан во последните неколку месеци напорно вежба за да го доведе своето тело до перфекција. Реалити ѕвездата работи со познатиот персонален тренер, Мелиса Алкантара, со чија помош успеа да ја намали тежината на 54 килограми.
Задоволна од тоа што го постигна, Кими сега максимално се труди да ги покаже резултатите од тренингот.
Викендов се појави во латекс фустан на венчавката на раперот 2 Chainz, а сега го покажува тонираното тело на плажите во Мајами во металик костим за капење.