Поранешната членка на групата Spice Girls, Мел Би самоиницијативно реши следниот месец да оди на рехабилитација со цел да се справи со зависноста од секс и алкохол.
- Последните шест месеци беа мошне тешки за мене. Работев со писател на мојата книга „ Brutally Honest “ и беше неверојатно трауматско одново да се преживее емотивно насилната врска како и да се соочам со толку многу големи прашања во мојот живот. Понекогаш е мошне тешко да се справам со сите емоции кои ги имам, вели пејачката.
Таа потенцира дека нејзиниот проблем не е со сексот и алкохолот, туку со сето она што се крие под тоа.
-Целосно сум свесна дека сум дојдена до кризна точка. Никој не ме познава подобро од што самата се познавам себе си, но се справувам со тоа, додава Мел Би.
Пејачката зад себе остави мошне тешка година. Пред финализирањето на разводот со Стивен Белафонте, таа побара привремена забрана за приближување поради физичко и сексуално насилство, кое тврдеше дека започнало непосредно откако стапиле во брак во 2007-ма.Тој пак ги негираше сите обвинувања и јавно бараше да се смират.