Меган Маркл повеќе нема причина да ја крие својата бременост во предимензионирани облеки и со мудро поставени детали. Идната мама конечно облече нешто потесно и тоа за време на посетата на Фиџи.
Војвотката од Сасекс и нејзиниот сопруг, принцот Хари беа дел од гламурозната вечера приредена во нивна чест во Grand Pacific хотелот
За оваа пригода Маркл блесна во едноставен син фустан со наметка од дизајнерката Даниела Кармутс. Инстинктивно и заштитнички постојано ги држеше рацете на стомачето и заедно со принцот уживаше во приемот.