Шоу бизнис дамите сè почесто ги гледаме во придружба на помлади партнери. Од Џенифер Лопез до Кејт Бекинсејл, изгледа дека е во тренд покрај себе да се има млад маж.
Италијанската актерка, Моника Белучи (54) е уште една од оние кои го прифатија овој тренд, па на ревијата на Шанел во Париз се прошета рака под рака со нејзиното 18-години помладо момче.
Станува збор за Николас Лефевре, инаку француски уметник кој се верува дека е со Белучи уште од 2017-та година. Моника претходно беше во брак со актерот Винсент Касел, со кого се разведе во 2013-та.