НОВ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ХОЛИВУД

Очајната домаќинка заврши во затвор поради давање мито

Холивудските актерки Фелисити Хофман и Лори Логлин како и сопругот на Лори, Мосимо Џанули заедно со уште 50 други лица се обвинети за давање мито во скандал поврзан со упис на нивните деца на престижни колеџи.



Според информациите, кои се појавија во јавноста, Хофман платила 15 илјади долари, прикажани како донација, на личност која требала да ги смени резултатите од тестирањето на нејзината ќерка.

Очајната домаќинка е обвинета за правење заговор за измама, по што и е одземен пасошот и има забрана за патување. Актерката е пуштена од затвор откако плати кауција од 250 илјади долари.



Логлин допрва треба да им се предаде на властите, откако вечера се врати од Канада. И таа е обвинета за измама бидејќи заедно со сопругот Мосимо наводно платиле 500 илјади долари за да ги запишат ќерките на Универзитетот на Јужна Калифорнија.

Полицијата веќе го уапси нејзиниот сопруг на кој му беше одредена кауција од 1 милион долари, по што тој беше принуден да го даде семејниот дом како гаранција дека нема да избега.



Мито шемата беше откриена од ФБИ, кое дозна дека група родители платиле сума од 6 милиони долари за нивните деца да бидат примени во определени колеџи. Притоа некои од децата воопшто не знаеле дека нивните родители презеле таков чекор.

На чело на целата измама стои Вилијам Сингер, кој се изјаснил како виновен по сите обвиненија.  Се претпоставува дека неговата криминалната организација собрала околу 25 милиони долари мито од родители кои сакале по секоја цена да ги запишат своите деца на престижните универзитети од типот на Јеил, Џорџтаун, Стенфорд, Универзитетот на Јужна Калифорнија и слично.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби