Помина долго време откако за последен пат имавме можност да ги видиме Кејт Мидлтон и кралицата Елизабета II на заедничко појавување во јавноста, без притоа со нив да бидат и другите членови од кралското семејство.
Војвотката од Кембриџ и кралицата денес се во посета на Кралскиот колеџ во Лондон, каде треба да присуствуваат на свечено отворање, а воедно и да направат прошетка низ објектот.
Судејќи по фотографиите и двете беа во одлично расположение.