Џастин Бибер во психичка криза: Се обидувам да откријам што ме мачи

Џастин Бибер соопшти дека накусо се повлекува од сцената поради психички проблеми, но и за да му посвети повеќе време на бракот.



Тој призна дека обожавателите оправдано го критикувале оти при својата трета светска турнеја во 2016 и 2017 година постојано бил нерасположен и дека не успеал да им ја пружи потребната енергија.

– Се обидувам да откријам што ме мачи, како и многумина од вас. Така, одлучив да се фокусирам на решавање на некои длабоки психички проблеми кои ме мачат, за да не се распаднам, да го зачувам својот брак и станам татко каков што сакам да бидам, објави Бибер на Инстаграм.

Во ноември лани, тој се венча со американската манекенка Хејли Болдвин.



– Музиката ми е доста важна, но ништо не смее да застане пред семејството и моето здравје, нагласи уште кон крајот на 2018 година.

Меѓутоа, тој истакна дека тоа не значи дека се откажува целосно од музиката.

Во 2015 година Бибер го издаде четвртиот албум „Purpose“ и тргна на светска турнеја. Но, таа беше прекината, а 15 концерти не беа одржани, како што пишуваа медиумите, поради депресија и исцрпеност кај пејачот. Бибер во светот продаде вкупно околу 150 милиони албуми, а само во САД – 45 милиони албуми и синглови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби