Чувството е прекрасно. Ти благодариме Тамара што навистина не направи гости!
По шестгодишна пауза, Македонија обезбеди пласман во финале на изборот за Песна на Евровизија. Благодарение на Тамара, нашата земја во сабота ќе биде дел од големиот спектакл во кој ќе се натпреваруваат 26 земји. Синоќа Тамара на суптилен со емоции исполнет настап и со многу енергија ја отпеа Proud.
Додека течеше настапот, во прес центарот неколку пати еуфорично аплаудираа и и даваат поддршка.
-Многу сум горда на мојот тим и на моите сограѓани. Преку изведбата пораката се рашири најдобар начин и затоа сум најсреќна, истакна Тамара на прес конференцијата после објавувањето на резултатите.
Покрај Македонија која беше објавена како прва земја финалист од втората полуфинална вечер, пласман во финале обезбедија и: Холандија, Русија, Шведска, Норвешка, Малта, Азербејџан, Данска, Швајцарија и изненадувањето Албанија. Освен Ерменија, ИДИВИДИ ги предвиде сите останати девет финалисти.
Во текот на денешниот ден ќе биде објавен редоследот за настап во финалната вечер, ќе бидат одржани две проби и веројатно ќе биде со кои две песни кралицата на поп музиката Мадона ќе настапи како гостинка во Тел Авив.
Ексклузивно за ИДИВИДИ од Тел Авив: Илија Николовски