Кралицата му порача на Хари дека секогаш ќе биде добредојден назад

На четиричасовната средба во неделата, во замокот Виндзор, британската кралица Елизабета Втора му порача на принцот Хари, дека тој секогаш ќе биде добредојден, ако сака да се врати во кралското семејство за повторно да ги извршува своите должности како негов член.



Како што пренесуваат британските медиуми, податоците за неделниот ручек се објавени денеска.

Според неименуваниот извор, „сега било вистинско време за тој важен разговор насамо на кралицата со нејзиниот внук“.

-Во неделата кралицата конечно можеше подробно да разговара со Хари и да слушне кои се неговите планови. Сè мина во опуштена атмосфера и двајцата беа во можност да си го кажат своето, изјави неименуван претставник за „Дејли мејл“.

Според него, кралицата била „многу вознемирена поради Меган“, како и поради одлуката да заминат да живеат во Канада. Но, нагласила дека и двајцата се добредојдени ако се премислат.

Елизабета II истакнала дека тие нема да можат да го експлоатираат името на кралското семејство, поради што и не дозволила името на нивната фондација да го содржи зборот „кралска“.

Канадската полиција, пак, на 27 февруари соопшти дека, штом принцот Хари и Меган Маркл официјално престанат да ги извршуваат должностите како членови на кралското семејство, тие веќе немаат обврска и нема да ги обезбедуваат како претставници на британското кралско семејство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби