Клинт Иствуд го прослави својот 90ти роденден

Легендарниот американски актер, режисер и продуцент, Клинт Иствуд вчера го прослави својот 90-ти роденден.



Роден во Сан Франциско на 31 мај 1930 година, Иствуд почнал да ја гради својата богата кариера во филмската индустрија во 1960-тите и 70-тите години, играјќи прво во италијанските тн. „шпагети вестерн“ филмови на Серџо Леоне. А, белег остави и улогата на тврдоглавиот американски полицаец Хери Калахан во филмот „Валканиот Хари”.

Во својата богата кариера играше во голем број реномирани воени, криминалистички и драмски проекти. Својата режисерска кариера ја започна 1971 година со филмот „Морничава ноќ“ (Play Misty for Me).

Иствуд е номиниран за осум Оскари за режија и продукција, освојувајќи ја статуетката за филмовите „Непростено“ и „Девојка од милион долари“.Тој беше и двапати номиниран за Оскар за најдобар актер (во двата филма), но не го доби. Други позабележителни филмови се „Мистична река“ и „Писмата од Иво Џима“.

Иствуд е носител и на највисокото француско граѓанско одличје – Легијата на честа. Голем обожавател е на џезот, а кон крајот на 1980-тите, како независен кандидат беше избран за градоначалник на гратчето Кармел-Бај-д-Си, во округот Монтереј, Калифорнија, САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби