Слика на Бенкси продадена за скоро 10 милиони долари

Лондон, 22 октомври 2020 (МИА) – Сликата на британскиот уличен уметник Бенкси насловена „Покажи ми го Моне“ е продадена на аукција во Лондон за 9,8 милиони долари.

Првичната проценка на сликата беше помеѓу 3,9 и 6,5 милиони долари. „Покажи ми го Моне“ се однесува на делото на импресионистот Клод Моне – „Јапонски мост“, со таа разлика што природната идила, којашто е заштитен знак на францускиот сликар, кај Бенкси е место на расфрлани предмети. Колички и портокалов уличен конус се гледаат под мостот на сликата на бунтовниот уметник.

Тоа не е рекордна сума за некое дело на „кралот“ на уличната уметност. На 3 октомври минатата 2019 година, слика на Бенкси која го исмејуваше Парламентот на Велика Британија, беше продадена за 12 милиони долари.

Уметникот сè уште успева да го чува својот идентитет во тајност – никој освен неговите најблиски соработници не знае како изгледа и како се вика.

Сликите на германскиот уметник Герхард Рихтер – „Арнолд“ за 1,5 милиони долари и „Апстрактна слика“ беа продадени за 6,7 милиони долари на наддавањето на аукциската куќа „Сотби“ во средата. Сликата на Американецот Жан-Мишел Баскијат, пак – „Мал успех“ новиот сопственик го чинеше 2,9 милиони долари. си/ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби