Џесика Алба: Здравјето пред сè

Џесика Алба проговори за својата одлука малку да се оттргне и повлече од глумата откако во 2008 година го роди своето прво дете. Имено, таа во ново интервју за „Ромпер“ појаснува дека не избегала од Холивуд, туку сега има здраво и среќно семејство и поинакви приоритети во животот.



– Мајка ми имаше рак на многу рана возраст, во нејзините 20-ти години. Јас пораснав со хронична болест… Имав пет операции пред 11-та година… Го имав овој вистински миг, па сега сакав да живеам и да напредувам и да минувам што е можно повеќе време со таа мала личност што ја воведувам во светот и да останам со неа. Значи, нашето здравје е важно. Сакам оваа мала личност да биде здрава. И навистина е „излудувачко тешко“ да си среќен кога го немаш своето здравје, вели таа.

Алба сега е мајка на три деца, па има и поинаков поглед и на животот и на нејзината кариера уште откако го родила првото.

– Мојата мотивација веќе не беше „Дали некогаш ќе се вработам повторно?“ Искрено, тогаш бев на врвот на мојата кариера… Не можев да се вратам на она што го правев претходно и пак да бидам автентична. Едноставно, не можев. Не ми беше грижа за тоа на ист начин како претходно, додава актерката.

Загриженоста за здравјето и благосостојбата на нејзините деца доведе дури до раѓање на „Искрено друштво“ (Honest Company) – брендот на производи за широка потрошувачка на Алба, кој обезбедува еколошки производи за бебиња и производи за чистење без хемикалии. Се почна со пелена што таа ја пушти во продажба 2012 година. Сега, брендот има разни други понуди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби