Британско кралско семејство: Почина принцот Филип

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, почина денеска на 99-годишна возраст. Ова го објави кралското семејство на нивниот официјален профил на Твитер.



По информацијата дека починал принцот Филип се огласи и кралицата Елизабета Втора која е многу вознемирана поради тажната вест.

На 16 март тој беше отпуштен од болницата по неговиот подолг престој таму. Војводата од Единбург минатиот месец беше подложен на операција на срцето. Тој требаше да наполни 100 години во јуни.

Принцот Филип се лекуваше од инфекција и беше опериран од срце. Тој беше примен во болницата „Крал Едвард Седми“на 16 февруари откако не се чувствуваше добро. На почетокот на март, накратко беше пренесен во специјализиран оддел за кардиологија во друга лондонска болница за постапка поврзана со веќе постоечко срцево заболување.

Роден е на 10 јуни 1921 година и беше син на принцот Андреј Грчки и Дански (четврти син на грчкиот крал Георги Први и кралицата Олга) и на принцезата Алиса Батенберг. Детството го поминал главно во Англија, учел во училиштето Гордостоун во близина на Елгин, Шкотска, а потоа дипломирал на Кралскиот поморски колеџ Дартмут, Девон.

Активно учествувал во Втората светска војна од јануари 1940 година до крајот на неговата служба во британската воена морнарица.

Во февруари 1947 година, Филип станал британски државјанин, откажувајќи се од своето право да го наследи грчкиот и данскиот трон и го презема презимето на неговата мајка, Маунтбатен.

Истата година стапил во брак со принцезата Елизабета, идната кралица на Обединетото Кралство. По венчавката тој ја добива титулата војвода од Единбург, а од 1957 година неговата титула е „Неговото кралско височество Принц Филип, Војвода од Единбург“.

Во 1948 година се раѓа нивното прво дете – престолонаследникот принцот Чарлс. Другите деца од неговиот брак со Елизабета Втора, се принцезата Ана, родена во 1950 година, принцот Ендру, роден 10 години подоцна и принцот Едвард, роден во 1964 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби