Шерон Стоун не може да го запре објавувањето на нецензурираната верзија на „Основен инстинкт“

Шерон Стоун се пожали дека не може да го запре издавањето на нецензурираната 18+ верзија на „Основен инстинкт“ (Basic Instinct, 1992). Иако беше главна ѕвезда, таа нема контрола над претстојното повторно издавање на оваа класика од раните 1990-ти.



– Продуцентите одлучија да ја издадат режисерската ’XXX‘ верзија за 30-годишнината од филмот!, рече неодамна актерка во австралиското шоу „Акшуал афејр“.

Кога водителката Трејси Гримшо ја праша Стоун, која со години повторува како била експлоатирана за време на филмската продукција – дали може да го запре излегувањето на филмот, таа рече дека не може. Таа вели дека доколку филмот се снима денес, „Скрин актерс гилд“ би ги заштитил нејзините права како актерка.

– Но, јас го снимив тој филм како млада дама, па тие правила не важат за мене, рече Стоун, која тогаш имала 34 години.

И покрај несогласувањата со продукцијата на филмот, таа сега вели дека не жали за ништо, па дури ни за познатата сцена со полицискиот распит. Режисерот на „Основен инстинкт“, Пол Верховен пред неколку години изјави дека Стоун лажела за тоа дека била изманипулирана.

– Секоја актерка знае што сѐ ќе се види ако ја замолите да ја соблече долната облека и камерата се насочи натаму, изјави тој за „Ајкон“ во 2017 година.

И оваа, сега нецензурирана сцена ќе се најде во досега невидените филмски материјали во новото издание на филмот. Меѓу нив ќе има и повеќе сцени со Мајкл Даглас и Шерон Стоун, а филмот ќе се прикажува во киносалите прво во Франција, а потоа и во други земји, пишува „Варајети“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби