Сeлма Хајек преживеала тешка форма на Ковид-19

Познатата холивудска актерка Селма Хајек откри дека била на работ на смртта од коронавирусот и дека „лекарите ја замолиле да оди во болница затоа што била многу болна“, а таа не ги послушала.

 Во својот прв есеј за „Њујорк тајмс“, Хајек пишува и за малтретирањето од страна на продуцентот Харви Вајнстин, кој, според наводите, ја уценувал со сексуални услуги и „физички ја исфрлил“ од забавната индустрија, заканувајќи ѝ се по животот.

Критичната епизода со болеста се случила првите денови од пандемијата. Минала седум седмици дома, на кислород.

-Лекарот инсистираше да одам во болница затоа што состојбата беше многу сериозна, вели актерката и додава: „Не, благодарам. Повеќе сакам да умрам дома“.

Последиците од болеста се замор и пад во енергијата, што таа особено ги почувствувала за време на снимањето на филмот „Куќата на Гучи“, каде глуми со Лејди Гага.

Таа, исто така, проговори и за тормозњето што го доживеала од продуцентот Харви Вајнстин.

-Ми беше многу тешко затоа што решив да не бидам жртва, иако бев жртва. Морав да се уверам дека сум борец и после се, преживеав. Кога се случи ова, не знаев дека им се случило и на толку други жени. Бев во депресија со месеци. Навистина ми требаше многу време за да сфатам дека навистина преживеав и дека сум вистински борец, вели Хајек во својот напис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби