Бил Козби по ослободувањето: Секогаш ја нагласував мојата невиност

Бил Козби се огласи на Твитер откако Врховниот суд во Пенсилванија ја поништи неговата пресуда за сексуална злоупотреба. Во објавата, тој повтори дека е невин и им се заблагодари на обожавателите.

-Никогаш не го сменив ставот или приказната. Отсекогаш ја нагласував својата невиност. Ви благодарам на сите вас – моите обожаватели, пријателите и оние кои ме поддржаа, минувајќи низ ова искушение. Посебна благодарност до Врховниот суд во Пенсилванија за поддршката на владеењето на правото, напиша Козби.

„Мирор“ пишува дека Бил го напуштил затворот вчеравечер, заминувајќи во бел автомобил. Еден маж и жена го одвеле дома.

Бил Козби одлежа повеќе од две години затвор. Тој во 2018 година беше осуден за дрогирање и сексуална злоупотреба на Андреја Констанд. Неговата пресуда беше укината вчера, откако беше пронајден договор со претходниот обвинител, што спречува судење за случајот.

Луѓе што го следат случајот, меѓу кои и активисти за правата на жените, сметаат дека таа спогодба не значи дека Козби е невин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби