На Боб Дилан ќе му се суди за силување малолетничка

Боб Дилан е обвинет во Њујорк, од жена која тврди дека тој сексуално ја нападнал пред речиси 60 години, кога имала 12 години.



Во тужбата поднесена кон крајот на минатата седмица од тужителката Џ.Ц. се вели дека Дилан го злоставувал девојчето во период од шест седмици, меѓу април и мај 1965 година. Се тврди и дека Дилан „го искористи својот статус како познат музичар за да ја снабди Џ.Ц. со алкохол и дрога и постојано ја напаѓал сексуално“.

Боб Дилан, кој наполни 80 години во мај, е обвинет и за физичка закана кон девојчето.

Според наводите во обвинението, наводната злоупотреба се случила во станот што Дилан го поседува во познатиот њујоршки хотел „Челзи“.

Адвокатот на Дилан, Роберт Цимерман, во изјава за „USA Today“, изјави дека „обвинението старо 56 години е невистинито и енергично ќе биде побиено на суд“.

Дилан се смета за еден од најголемите текстописци на сите времиња. Меѓу неговите најзначајни дела се „Blowin’ In The Wind“, „The Times They Are Changin“ и „Like a Rolling Stone“. Тој ја доби и Нобеловата награда за литература за 2016 година, за „создавање нови поетски изрази“ во рамките на големата традиција на американска песна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби