Разговор со Џон Ленон и Јоко Оно продаден на аукција за 50.000 евра

Копенхаген, 29 септември 2021 (МИА) – Касета со снимка од разговор со Џон Ленон и Јоко Оно и досега необјавена песна, снимени за време на нивна посета во Данска во 1970 година, е продадена вчера на аукција во Копенхаген за 50.000 евра.

Почетната цена за снимката, којашто беше понудена на наддавањето од четворица тогашни ученици, со фотографии од средбата, изнесуваше 100.000 дански круни. Пред аукцијата, проценката на понудениот пакет се крена меѓу 200.000 и 300.000 круни (околу 27.000 евра).

На аудиоснимката се наоѓа и песната „Radio Peace“, снимена на 5 јануари 1970 година, со тинејџери ученици од Данска, кои успеале да добијат интервју со светски познатата двојка за нивното училишно списание. Песната никогаш не е официјално објавена.

Името на купувачот засега не се открива.

Во 33-минутната снимка, Ленон зборува за мировната кампања што ја водат тој и Јоко, за неговата фрустрација од имиџот на „Битлси“, но и за должината на неговата коса. Следат божиќни песни, Ленон свири на гитара, а може да се чуе и песната „Give Peace a Chance“ (Дај му шанса на мирот). си/гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби