Антонио Димитриевски: Само еротика пали

Антонио Димитриевски 33 години е дел од македонските медиуми. Кариерата ја почна како новинар во весникот „Млад борец“, но стана популарен во 1990те кога ја водеше емисијата „Пулсирања“ на Македонската телевизија. Работеше и на радио, а скоро десет години е уредник на порталот Вистина.мк. И по три децении откако се занимава со новинарство, Димитриевски вели дека со истиот елан и денес оди на работа.

-Луѓето имаат хоби, а јас своето го претворив во професија. Дарбата за пишување ми е наследена од мајка ми, која имала литературни амбиции, но не станала позната писателка. А кај мене цело време некако се прелеваа музиката и новинарството“, раскажа Антонио, чии наслови напишани во рима и со доза на еротика привлекуваат внимание на прво читање.

Антонио порано пишуваше песни и за албумот „Оган под ѕвездите“ на култниот скопски бенд „Меморија“. Тој беше тапанар во првиот состав на бендот и со многу емоции се сеќава на времето кога беа меѓу најпопуларните групи во Македонија.

-Кога ги правевме песните пред триесетина години не знаевме дека тие ќе се слушаат и денес. Добрата песна го наоѓа патот до публиката. Јас одамна не свирам, и иако тоа не се заборава, не излегов со нив на бина на концертот. Но се радував како мало дете кога ги гледав од публика. И иако знаев што ќе свират следно и како ќе тече концертот, тоа чувство не се опишува, раскажува Димитриевски.

Ретко зборува за приватниот живот, но сепак за „Репортер“ сподели по нешто за сопругата и ќерката. „Со мојата сопруга сме излегувале на исти места и така почна нашата љубов, иако таа знаеше кој сум и пред да се запознаеме“. Има и ќерка тинејџерка која ја наследила неговата дарба за пишување.

-Има осет за литература и македонски јазик, тоа ѝ лежи. Искрено, не би сакал да биде во овој еснаф. Ако реши да се бави со јавна професија ќе ѝ помогнам ама ќе бидам несреќен, искрен е тој.

Муабетите со Антонио немаат крај. Од музичките манифестации „12 Величествени“ и „Марс“ што ги организираше, преку годините што ги помина во МРТ, каде е денес и колку е успешен во својата работа. Зошто еротиката пали и кој е Антони Димитриевски гледајте го видеото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби