„Највисокиот човек на светот“ живее во куќа специјално дизајнирана за него



Мардин, 26 септември 2022 (МИА) – Султан Косен од селото Дерик, близу градот Мардин, југоисточна Турција, е висок 2,51 метар и ја носи титулата „највисок човек на светот“ денес.

Деновиве во неговото родно место се одржува натпревар по фотографија наречен „Национален фотосафари – Мардин“, па учесниците и членовите на жирито на овој натпревар решија да го посетат и Косен. Првиот впечаток е домот специјално осмислен за највисокиот човек на планетава.

Покрај висината од 2,51 м., Косен влезе во Гинисовата книга на рекорди и како човек со најдолги дланки (36,5 сантиметри) и најдолги стапала (36,5 цм.).

Косен им се заблагодари на фотографите за посетата и не го криеше задоволството. А, учесниците на натпреварот ја искористија оваа прилика да ја снимат и овековечат средбата.

„Највисокиот човек на светот“ откри дека досега посетил 127 земји во светот, а во истовреме се борел и со здравствени проблеми. Тој рече дека животот му минува под надзор на лекари, а неговото семејство живее од земјоделство.Турчинот е среќен, како што рече – што имал можност да патува ширум светот и да ја претставува својата земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби