Мис Русија: Сите ме избегнуваа поради мојата националност

Мис Русија вели дека натпреварувачите на годинешниот „Избор на мис универзум“, другите натпреварувачки ја избегнувале и дека изборот бил наместен.



Во Њу Орлеанс, САД, пред неколку дена се одржа 71. натпревар, а победничка е Американката Р'Бони Габриел. Русинката Ана Линикова и мис Украина, Викторија Апанасенко, исто така, беа меѓу натпреварувачките. Претставничката на Русија вели дека се соочила со постојани напади, навреди и закани од украинските интернет-корисници, па дури и негативни коментари од познаници. Таа не сакаше да коментира за војната, иако Викторија ја прашала за мислење и став. Ана вели дека таа е тука за натпреварот.

- Многумина ме избегнуваа и се оттргнуваа кога ќе чуеја за моето потекло. Девојки од Украина и Швајцарија бегаа од мене „како од оган“. Покрај тоа, сè околу изборот на првите 16 девојки беше „чиста политика“, изјави Ана за „Вечернаја Москва“.

Таа вели и дека тоа што не се пласирала во финалето на натпреварувањето нема никаква врска со квалитетот на нејзиниот настап.



- Се обидов да стапам во контакт (со Украинката Апанасенко), но сите напори беа залудни. Сите го видоа демонстративното однесување на Викторија - тоа е нејзин избор, а јас не држам лутина, изјави Ана.

Украинската мис пак, рече дека организаторите „очигледно не размислиле доволно“ за тоа како ќе се чувствува кога ќе се соочи со Русинката во натпреварувањето.

- Повеќе од благодарна сум на „Мис универзум“ за нивната поддршка, но не сум сигурна дека организаторите разбираат какво е чувството за мене да стојам насмеана на иста сцена со мис Русија, а таа облечена во црвен фустан - бојата на крвта, изјави Викторија.

Снимките од групното фотографирање што кружат на интернет покажуваат интеракција меѓу Русинката и Украинката на настанот, при што многумина посочуваат дека Линикова се обидувала да застане веднаш до нејзината „соперничка“. Апанасенко притоа барала од мис Колумбија да си ги заменат местата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби