Кијану Ривс побара забрана за доближување против натрапник

- Маж е обвинет за повеќекратни обиди за упад во домот на Кијану Ривс. Полицискиот оддел во Лос Анџелес има тековна кривична истрага против натрапникот, а полицијата му препорачала на Ривс да побара забрана за доближување, според судските записи.



Брајан Кит Диксон (38), според наводите, се обидел да навлезе во имотот на актерот најмалку шест пати од ноември до јануари. Ривс нагласи дека претрпел емоционална вознемиреност поради тормозењето и следењето, според барањето за привремена забрана поднесена во вторникот во Врховниот суд на Округот Лос Анџелес.

За време на една „посета“, овој непоканет гостин заспал во неговиот двор. Следниот ден се вратил, повторно се обидел да упадне во домот на Ривс, па притоа оставил и ранец со комплет за тестирање ДНК, вознемирувачка белешка упатена до Ривс и фотографии.

Според истрагата, Диксон имал намера да го употреби комплетот за да покаже дека со глумецот се роднински поврзани.

Адвокатот на Ривс, Метју Розенгарт, поднел барање за забрана за доближување против Диксон, кој, се чини, нема постојана адреса на живеење. Според наводите, натрапникот има заблудна опсесија со Ривс и криминална историја на Роуд Ајленд, со обвиненија за поседување алатки за кражба, вандализам и неуредно однесување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби