Принцот Хари: Новинарите на „ANL“ се криминалци

Британскиот принц Хари денеска сведочеше на судењето меѓу него и други истакнати личности, од една страна, и медиумската групација „Associated newspapers limited“ (ANL), од друга. Како сведок, даде изјава дека поради кралското семејство, тој морал да го следи правилото „никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“ во справувањето со медиумите.



- По смртта на мајка ми во 1997 година, кога имав 12 години, морав да трпам притисок од медиумите, со кои оттогаш имав заладени односи и го следев семејното правило од кое нема отстапување. Ми беше многу тешко да се воздржам од зборување за медиумите, по оние бројни обвинувања, вознемирувања, напади и расистички написи за Меган... А, не е претерување да се каже дека сè тргна надолу кога решив да се преселам од Обединетото Кралство во 2020 година, изјави принцот.

Според сведочењето, работите само се влошиле кога неговата избраничка забременила со нивниот син Арчи... А, додаде и дека има докази дека неговиот мобилен телефон бил хакиран уште претходно.

- Јас не ја поднесувам оваа тужба само за себе, затоа што којзнае колку други членови на (кралското) семејство биле следени на овој начин. Доказите што ги видов укажуваат дека новинарите на „ANL“ се криминалци кои имаат посебни овластувања поради нивниот статус на новинари. Британската јавност заслужува да знае сè за ова прикривање, и чувствувам дека е моја одговорност да го направам тоа, нагласи принцот Хари.

Сослушувањето на сведоците ќе трае четири дена, а меѓу луѓето кои ја тужат „ANL“ има познати лица, како Елтон Џон и Елизабет Харли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби