Џени сака ова, Џени сака она! Што сака Џени тоа и добива, а последното нешто што го посака е нејзиното момче играчка да започне да глуми.

-Каспер зема часови по глумење бидејќи Џенифер сака тој да биде ѕвезда. Таа мисли дека би било интересно да глуми покрај него како што правеше порано со Бен Афлек и Марк Ентони, открива изворот.

И повеќе од очигледно е дека Лопез по секоја цена сака да го направи своето момче дел од џет сетот. Пред само некое време во јавноста проструи информацијата дека му дава џепарлак на своето момче од 10 илјади долари со цел да ја плаќа сметката кога ќе излезат во ресторан.
Што е следно?!