Телото на Витни Хјустон префрлено во Њу Џерси

Телото на пеjачката Витни Хјустон e префрлено синоќа во Њу Џерси, каде ќе биде погребана подоцна оваа недела.

Авионот во сопственост на глумецот и продуцентот Тајлер Пери слета на добро обезбедениот аеродром Тетерборо во Њу Џерси. „Златно“ погребно возило го напушти аеродромот нешто по полноќ и стигна до погребното претпријатие во Њујорк, град каде Хјустон е родена. Група од околу 50 обожаватели се собраа пред претпријатието.

Портпаролот на семејството на пејачката изјави дека плановите за комеморативната служба се уште не се завршени, но медиумите пренесуваат дека бдеењето и погребот се очекуваат подоцна оваа недела.

Витни Хјустон (48) кариерата ја почна во црковен хор и набрзо стана една од најценетите пејачки на својата генерација. Освои шест Греми и повеќе од 400 други нагрди во својата 25-годишна кариера, а глумеше и во блокбастерот „Телохранител“. Остана најпозната по синглот од 1992 година „I Will Always Love You“.

Нејзиниот успех последните години беше засенет поради проблемите со дрогата и алкохолот, за кои отворено зборуваше во телевизиските емисии.

Витни Хјустон почина во саботата во хотелот „Хилтон“ на Беверли Хилс и медиумите шпекулираат дека станува збор за предозирање.

Полицијата на Беверли Хилс вчера одржа прес-конференција со цел да ги спречи медиумските „гласини“, но не изнесе многу информации. Единствено што соопшти е дека телото на пејачката е пронајдено во полна када.

- Госпоѓа Хјустон во кадата ја пронашол член од нејзиниот персонал, кој го повикал обезбедувањето на хотелот, рече поручникот Марк Росен. Таа е извадена од кадата, но кога стигнала брзата помош таа била без свест и не реагирала.

Росен одби да коментира дали во собатата се пронајдени лекови издадени на рецепт и во каква состојба било нејзиното тело.

- Во овој момент не спроведуваме истрага за убиство. Не ги знаеме причините за смртта, ниту пак околностите кои довеле до неа, рече тој.

Аутопсијата е завршена во неделата, а конечниот извештај вклучувајќи ги и токсиколошките анализи би можеле да бидат објавени за неколку недели.

Ед Винтер од Службата на судски вештаци во Лос Анџелес изјави дека некои лекови се пронајдени во собата на пејачката, но не сакаше да каже кои се.

Зетот на пеачката Вили Вотсон изјави за Еј-Би-Си дека не верува оти Витни Хјустон извршила самоубиство.

- Не, ова е несреќен случај. Таа не би ја оставила својата ќерка. Не би и го направила тоа на својата ќерка, рече тој.

Ќерката на Витни Хјусотн и Боби Браун, Боби Кристина Браун (18)  била во Лос Анџелес кога мајка и починала.

Хјустон требаше да се појави на доделувањето на Греми наградите и на забавата пред доделувањето. Нејзината смрт ги поттикна бројните музички ѕвезди да го изразат своето жалење поради нејзиното прерано заминување.

Некогашниот член на „Битлси“, Пол Макартни го посети вчера привремениот меморијал пред хотелот „Хилтон“, каде таа почина и остави жолти рози.

Со смртта на пејачката се зголеми продажбата на нејзините албуми. Вчера нејзиниот албум „Whitney Houston - The Greatest Hits“ беше најпродаваниот на „Амазон“, а песната „I Wil Always Love You“ најпреземана од Ајтјунз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби