Никаде не е како дома, а доказ за тоа е еуфоричната толпа на обожаватели кои денес го пречекаа Даниел Кајмакоски на аеродромот Александар Велики.
Видно возбудениот и секогаш позитивен пејач се сретна со пресреќните фанови кои плачеа, се обидуваа да направат фотографија и да добијат автограм од својот идол.
И покрај целата мешаница Даниел за кратко успеа да се тргне на страна и да направи интересна селфи фотографија која ја објави на својата фан страна со зборовите „Дома, си е дома! Те сакам Македонијо!“