Дали Наташа Беквалац ќе биде новиот судија на X Factor и тоа на местото на Емина Јаховиќ?

Според она што се шушка по се изгледа дека во новата сезона на популарното музичко шоу Беквалац ќе се најде помеѓу 4-те судии кои го проценуваат музичкиот потенцијал на кандидатите.
Наташа била во потесниот избор за судија уште во првата сезона, но продукцијата сепак се определила за Емина. Музичкиот продуцент на X Factor Мирко Вукомановиќ изјави дека иако уште е рано за нова сезона, сè е можно.

-Во моментот сме зафатени со обврските околу првата сезона и договорите со натпреварувачите. Во наредните месец дена ќе ве известиме за втората сезона. Што се однесува до Наташа Беквалац и нејзиниот ангажман, сè е можно. Таа е наша драга колешка и веќе беше гостин во првата сезона, вели тој.
Беквалац потврди дека дошло до преговори, но ништо не е точно прецизирано.
-Се разбира дека би сакала да бидам дел од тоа шоу, изјави Наташа.