Крис Џенер ја охрабри својата ќерка, Ким Кардашијан, да облече колку што е можно попровокативен фустан. Иако Кими ја послуша, длабокото деколте и ја уништи вечерта бидејќи постојано мораше да внимава голите гради случајно да не излетаат од своето место.
Погледот на реалити ѕвездата беше насочен кон деколтето, додека со рацете се обидуваше да ги намести „девојките“ во прилично отворениот и тесен бел фустан.
Кардашијан ја помина ноќта забавувајќи се со своите сестри Корни, Клои и Кајли во еден елитен ресторан во Лос Анџелес, каде што организираа интимна женска вечер.