Меријем Узерли (31) помина низ мошне тежок период во изминатата година, но како што вели и самата мајчинството и помогна да премине преку сè и да стане уште посилна жена од порано.
Актерката која и е позната на публиката како Хурем од турската серија „Величествениот“, ја напушти серијата, доби нервен слом, беше оставена од својот свршеник откако остана бремена и се обиде да се самоубие. Но и покрај сè, Узерли стана типичен пример за, она што нема да те убие, ќе те направи посилен.
Актерката им откри на своите пријатели дека и покрај се што и се случи, се чувствува прекрасно бидејќи малата Лара и дава волја за живот и ја прави најсреќна мајка на светот.
Узерли наскоро се враќа на работа и тоа во нова историска серија. Во план е и учество во турската верзија на „X Factor“ каде треба да биде една од судиите.