Последниот пат кога ја видовме Пенелопе Круз (40) немаше ни С од стомаче, но нештата очигледно се смениле преку ноќ.
Сега изгледа како трудница во поодмината бременост која уште малку ќе се породи. Сепак, дали е навистина така?
Она што го гледате на фотографиите во суштина е совршено изработен лажен стомак кој Круз го носи за време на снимањето на нејзиниот најнов филм „Ma Ma“. Шминкерите завршиле одлична работа, па речиси е невозможно да се посомневате дека Пенелопе не е бремена.