Свадба од светски рамки: Честитки за Ноле и Јелена

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ се венча на островот Свети Стефан во Црна Гора со својата девојка Јелена Ристиќ со која е во врска осум години. „Свадбата на векот“ се одржа под мермерна купола, специјално направена за овој пар.

Целата церемонија се одвивала многу брзо. Свеченоста почнала во 18 часот, а завршила по 30 минути. Во матичното, Јелена го земала презимето на Ѓоковиќ и со тоа стана младата г-ѓа Ѓоковиќ. Сепак венчавањето пред Бога ќе се одржи во сабота, откако ќе заврши постот, а нивен кум ќе биде фудбалерот Сервет Невен Марковиќ, долгогодишен другар на Ноле.



Целата свадба се одржува во строга тајност. Персоналот кој работи потпишал договор во кој ветува дека нема да споделува никакви информации во јавноста и дека нема да користи мобилни телефони или фотоапарати. Исто така, владата на Црна Гора му обезбеди на Ноле службена полиција од секторот за обезбедување на имоти и лица, кои ќе бидат во служба до црковното венчање.

Ноле потпишал договор со магазинот „Hello“ кој ќе го има ексклузивното право да присуствува на свадбата, а деталите и официјалните фотографии ќе бидат објавени на 14 јули.

Будва деновиве е преплавена со многу познати личности од спортот. Дел од нив беа и Виктор Троицки со неговата девојка, Софија Милошевиќ.



Меѓу гостите беа и колегите на Новак, Јанко Типсаревиќ и Ненад Зимољиќ, кои дојдоа со своите понежни половини.



На свадбата беа присутни и тренерите на Ноле, заслужени за неговото враќање на место број 1 на ATP листата, Борис Бекер и Маријан Вајда.



На свадбата можеше да се види и кондициониот тренер на Ѓоковиќ, Гебард Фил Грич заедно со својата сопруга.



Еден од највеселите на свадбата беше чичкото на Новак, Горан Ѓоковиќ.



Новак Ѓоковиќ успеа да ги почасти своите фанови со една фотографија од венчањето, која ја објави на неговиот профил на Facebook.



Ѓоковиќ го пречекале на Свети Стефан со една поговорка од Његош: Имало за што да се роди! И навистина е така! Со среќа на младенците!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби