ФОТО: Шакира и Сантана ја запалија Маракана

По неверојатното отварање на Светското првенство во Бразил, кое ни овозможи цел месец одлични натпревари, конечно дојде за неговото затварање. Од Бразил очекувавме да ни приреди исто толку добра церемонија каква што ни приреди за отварањето. И можеби се разочаравме што првенството заврши, но дефинитивно не се разочаравме од неговото затварање.



Ѕвезда на затворањето беше Шакира, кога заедно со стотици бразилски танчерки заиграа во ритамот на Бразил и ја кренаа цела Маракана на нозе. Рио де Жанеиро ечеше од нејзиниот глас La La La и од моќните звуци на гитарата на Карлос Сантана. Таа уште еднаш докажа дека танцот и е јака страна па за момент помисливме дека потекнува од Бразил, а не од Колумбија. Освен неа, Маракана ја запалија и добро познатиот рапер Wayclef Jean, Alexandre Pires и локалниот Ivete Sangalo.



Стадионот Маракана беше преполн со Германци и Аргентинци, но и со познати фаци кои се упатиле до Рио де Жанеиро за да го гледаат финалето. Натпреварот беше навистина добар, иако првиот гол падна во продолжението, двете екипи навистина се бореа и се трудеа за нивните земји.

Шакира го посети стадионот заедно со нејзиниот син Милан и со нејзиниот познат сопруг, фудбалерот Пике.



Освен Шакира, Ријана будно го следеше натпреварот во живо, а желбата да победи Германија ја искажуваше и на нејзиниот профил на Twitter.



Легендарниот Пеле беше опкружен од новинарите, но и од неговите помлади колеги, Бразилецот Кака и Бекам, кои му оддадоа огромна почит.



Глумецот Ештон Качер, освен на финалниот натпреват присутвуваше и на повеќе натпревари овој месец, а не ја пропушташе шансата да ги почасти своите фанови со selfiе фотографии.



И за крај со вас ја споделуваме една од најсексапилните навивачки на Германија. Оваа девојка, облечена целосно во боите на Германија навиваше за време на целиот натпревар, а кога Германија даде гол, се соблече!

Е ова е вистинско навивање!



Честитки за Германија и за тоа што има вака убави и секси навивачки!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби