Ноле воодушевен од Јелена: Изгледаше како ангел!

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ ја имаа својата венчавка од соништата. Вљубениот пар не го крие воодушевувањето од тоа како помина нивниот голем ден, ниту пак се воздржува јавно да зборува за својата искрена и долгогодишна љубов.

Магазинот Hello ексклузивно ги објави официјалните фотографии од венчавката, а Ноле и Јелена во интервјуто за магазинот открија што сè се случуваше на нивната интимна церемонија.

-Кога ја видов за прв пат во венчаница, како се смее и оди кон мене, ми изгледаше како ангел. Се оженив со жената која ја сакам и не постои ништо поубаво од тоа. Не можам да посaкам ништо повеќе од животот изјавува Ѓоковиќ за Hellо.

-Се трудев да бидам сконцентриран на моментот и да го запомнам. Бев фокусиран на неа, на нејзината насмевка и на нашето бебе. Тоа навистина беше перфектен момент, додава тој.

Неговата сопруга Јелена исто така е воодушевена и задоволна од тоа како помина целата церемонија.

-Бев нервозна и се ми беше заматено. Го гледав низ солзи и веднаш започнав да плачам кога се појави пред мене. Бев пресреќна и не можев да ги контролирам емоциите, најверојатно поради тоа што сум бремена. Благословена сум што го имам него во својот живот. Не можев да побарам подобар партнер од него. Венчавката беше сè на што се надевавме.

Во интервјуто за Hello, таа открива мал детаљ и за денот кога била запросена од Ноле.

-Едно од најголемите изненадувања кои ми го приреди Ноле беше на денот кога ме запроси, но се договоривме тоа да остане наша мала тајна. Секој пат кога ќе се присетам на тој момент, пеперутки ми поминуваат низ стомакот, вели среќната невеста.

Јелена го следеше примерот на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, која за својата венчавка со принцот Вилијам избра модел од дизајнерката Сара Буртон која креира за модната куќа Alexander McQueen.

Парот стапи во цивилен брак во четвртокот, а својата црквена церемонија ја имаше викендов во кругот на најблиското семејство.

Репортерите на Блиц успеаја да ги фотографираат Новак и Јелена по завршувањето на 45-минутниот обред. Таа повторно заблеска во бел фустан и бисерни обетки, додека тој носеше речиси идентичен костум како и на самата венчавка.

Видно расположен, Ноле дури и ги отпоздрави новинарите и фоторепортерите кои се појавија пред манастирот. 

По венчавката Ноле и Јелена ја посетија Будва, а потоа завршија на пица во омилената пицерија на Ноле, „Лав“. На Ѓоковиќ очигледно многу му се допаѓаат пиците од ова место, па му остави лична порака на пица мајсторот Рики.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби