Голем задник, големо внимание. Досега не знаевме дека се потребни дури двајца асистенти за да се натапка песок по нечиј задник, но Ким Кардашијан ни ја разјасни и таа дилема.
Во најновата епизода од шоуто „Кeeping up with the Kardashians“ одблизу беше прикажана фотосесијата на КК која пред неколку месеци се снимаше на плажите во Тајланд.
Очигледно е дека нема сликање, додека газето на Кими не биде совршено, а за тоа се погрижи самиот фотограф заедно со уште еден асистент.