Заради ова ќе ги засакате уште повеќе!

Популарните актери, музичари и останатите познати личности се свесни за огромното влијание кое го имаат во јавноста. Некои од нив со своите можности, но и добра волја, имаат усреќено многумина, а особено деца.



Еве неколку случки заради кои уште повеќе ќе ги обожувате овие познати личности.

Џони Деп



Тој секогаш патува со костимот на капетанот Џек Спероу, неговиот лик од „Пиратите од Карибите“, за да биде подготвен доколку треба да посети некое дете во болница. Исто така, Деп има обичај да отиде ненајавен во Дизниленд во истиот костим и да поминува време со децата, делејќи им автограми.

Тупак Шакур



Познатиот рапер добил писмо од родителите на едно момче по име Џошуа, кое боледувало од рак. Во писмото несреќните родители откриле дека последната желба на нивниот син била да го запознае славниот рапер. Тупак одлетал за Мериленд и му ја исполнил желбата на болното момче. Кога малиот Џошуа починал, Тупак го променил името на неговата издавачка куќа во „Сонот на Џошуа“.

Ема Вотсон



Едно 5-годишно момче било облечено како Хари Потер додека одело по улицата Источна 78, која е многу популарна за време на Празникот на вештерките. За време на прошетката, во еден момент му пришла Вотсон, која ја толкува главната женска улога во филмовите Хари Потер, и му рекла на малото момче: „Извини, ти ли си Хари Потер?“. На тоа момчето потврдно и’ одговорило и таа му рекла: „Супер, јас сум Хермиона Грејнџер!“ и го гушнала. Момчето било премногу мало да сфати дека тоа била токму Ема Вотсон, „вистинската“ Хермиона.

Џон Бон Џови



Ресторанот „Soul Kitchen“, кој е во сопственост на овој рокер, нема објавени цени во менито. Наместо тоа, ресторанот им наплаќа на гостите по принципот на тоа кој колку ќе остави. Доколку, пак, воопшто немате пари за да си дозволите ручек, можете да платите со тоа што ќе ги измиете садовите во кујната.

Мила Кунис



Младиот војник Скот Мур, ветеран од војната во Авганистан, ја замолил Мила Кунис да биде негова придружничка на балот за маринци во Гринвил. Младата актерка прифатила да му посвети една вечер на храбриот војник.

Том Хенкс



На Том Хенкс му било сосема прифатливо да се слика безброј пати со негов обожавател во една пицерија. На фотографиите се видело дека обожавателот бил мртов пијан и морал да се навали врз Хенкс за да може да се слика, по што главата му паднала директно во пицата.

Џорџ Такеи



Актерот од „Ѕвездени патеки“ се појавил два часа пред закажаната прес-конференција само за да потпише играчка на негов млад обожавател кој бил премногу болен за да може да почека настанот официјално да започне.

Том Круз



Бидејќи бил сведок на престрелка, Том Круз повикал итна помош и останал со жртвата, ја испратил до болничката соба и ја платил сметката од 7000 долари, бидејќи знаел дека жената не била осигурана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби