Шерон Стоун: Имав излив во мозокот! Мислев дека умирам

Во 2001-ва Шерон Стоун заврши во болница. Медиумите пишуваа дека изгубила свест од преголем замор, но вистината е далеку посериозна. Во емисијата на Опра, „Opra's Master Class“ актерката проговори за она што и се случило и откри дека всушност имала излив на крв во мозокот.

-Докторите открија дека мојата вертебрална артерија пукнала и за многу малку целосно ќе се скинела. Цело време сум крвавела во вратот, главата, лицето, кон рбетот...Артеријата одвај се држеше и мораше да се донесе брза одлука, раскажува Стоун.

-Морав да учам да одам, да слушам, да зборувам, да се сеќавам, сè од почеток. Мислев дека умирам, дури и откако се вратив дома. Постоеше дел од мене кој чувствуваше како да сум загубила сè. Мојата кариера беше речиси згасната, моето семејство исто, се разведов, ми беше одземено детето и голем дел од мојот идентитет. Едноставно потонав, па станав феникс. Потполно изгорев, до пепел. Сите нешта поради кои живеев исчезнаа, додаде таа.

Но и покрај застрашувачкото искуство, смета дека стравот од смртта повторно ја оживеал и дал можност за ново раѓање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби